АПЛИЦИРАЊЕ
Искуството со менаџерскиот тим на Х Фактор Акцелератор беше од особена важност за раст на стартапот. Не само што ја придвиживме идејата напред, туку дојдовме до трајни пријателства и проширени мрежи кои ќе продолжат да растат и во иднина.
Мисијата на X Фактор Акцелератор е да се поттикне регионалното претприемништво и да се даде силен импулс за раздвижување на стартап сцената и надвор од главниот град.
Ова се постигнува преку „паметни инвестиции“ во иновативни стартап бизниси, со што се обезбедува нѐ само финансиска, туку и менторска поддршка за глобален раст.
X Фактор Акцелератор од Велес е првиот бизнис акцелератор надвор од Скопје, кој е основан од инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни стартап бизниси.
Проектот за негово стартување во 2018 година, се реализира со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ (ФИТР), во соработка со Светска банка, преку инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно – технолошки акцелератори.
Нашиот тим го сочинуваат искусни практичари кои имаат стартувано сопствени бизниси и успешно управуваат со нив, кои заедно со мрежата на ментори од партнерските организации обезбедуваат континуирана стратегиска поддршка за раст на стартапите во кои се финансираат средства.
Одлуката за избор на стартапи во кои се финансираат средства се донесува преку процес кој се состои од следните чекори:
АПЛИЦИРАЊЕ
РАЗВОЈ НА БИЗНИС ИДЕЈАТА
МЕНТОРСТВО
ПРЕЗЕНТАЦИЈА