Заедно креираме успешни глобални бизниси

БИЗНИС АКЦЕЛЕРАТОР ЗА ПОДДРШКА НА СТАРТАПИ

X Фактор Акцелератор е првиот од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, со реализирани 5 инвестиции во вкупен износ од 480.000 евра, во стартап – тимовите на Концептива Дигитал, Матриошка, Brummel Style, Vision Dynamix и Новело Дизајн.

ДАЛИ СТЕ ИНВЕСТИТОР?

Придружете ни се во креирањето на идни успешни стартапи

Кои сме ние и што постигнавме?

X Фактор Акцелератор е приватен акцелератор, основан од четворица инвеститори со големо практично искуство во стартување, менаџирање, поддршка и развој на успешни стартап бизниси. Стартот на акцелераторот беше поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Светска банка.
Од стартот на проектот во 2018 година беа реализирани 3 инвестициски циклуси. Во голема конкуренција од 150 апликанти кои поминаа низ три пред-акцелераторски програми беа избрани 52 стартапи кои добија понатамошно менторирање од страна на тимот на Х Фактор Акцелератор. Во следната фаза беа презентирани 29 бизнис идеи пред Комитетот за одобрување на инвестиции и целната публика. На крај од процесот, членовите на Комитетот одлучија да инвестираат во 5 од најатрактивните стартапи за кои беше направена проценка дека имаат најголеми шанси за брз и глобален раст.

Вкупните директни инвестиции од Х Фактор Акцелератор во петте стартапи изнесуваат 480 000 евра.

Концептива Дигитал

Продуктна компанија во ИКТ секторот

Главен продукт:

Coach - платформа за корпоративни обуки користејќи гејмификација

Brummel Style

Првата компанија за елегантна мото опрема во
светот

Главен продукт:

Првото моторџиско сако
во светот

Новело Дизајн

Компанија која дизајнира и продава производи за деца/
бебиња од органски памук

Главен продукт:

Детски/бебешки
производи од органски памук

Матриошка

Компанија од прехрамбената индустрија

Главен продукт:

WICE претставува нов начин
на конзумирање на вино, во форма на сладолед.

Vision Dynamix

Софтверска компанија за 3Д мапирање и реконструкција

Главен продукт:

Софтвер за 3D мапирање и
реконструкција со помош на дронови

X ФАКТОР АКЦЕЛЕРАТОР НИЗ БРОЈКИ

Апликации
0 +
Менторирани стартапи
0
Инвестиции
0
Инвестирани €
0 k

Тимот на Х Фактор Акцелератор

Нашиот тим го сочинуваат искусни практичари кои имаат стартувано сопствени бизниси и успешно управуваат со нив, кои заедно со мрежата на ментори од партнерските организации обезбедуваат континуирана стратегиска поддршка за раст на стартапите во кои се финансираат средства.

Милан Димитриевски

Милан Димитриевски

Извршен директор
Д-р Игор Андреев

Д-р Игор Андреев

Оперативен менаџер
Тодор Левков

Тодор Левков

Финансиски менаџер
Сашко Панчевски

Сашко Панчевски

Главен бизнис советник

Х Фактор Акцелератор- новости

КОН НОВОСТИТЕ

Погледнете го инвестициското портфолио на Xfactor Accelerator

mk_MKMK_MK