Со овој чекор ПроКредит банка ја зајакнува позицијата како силен поддржувач на развојот на стартап екосистемот во Р. С. Македонија и регионот.
Целта на соработката е поддршка на комерцијализацијата и развојот на иновативни стартапи со глобален потенцијал за раст со посебен акцент на стартапите од портфолиото на Х Фактор Акцелератор.
Во периодот кој следи ПроКредит Банка и Х Фактор Акцелератор ќе организираат серија настани насочени кон поттикнување на иновативноста и претприемачкиот капацитет на новата генерација македонски претприемачи.

