
Coach – Платформа за корпоративни обуки преку гејмификација
Инвестиција #1
КОНЦЕПТИВА ДИГИТАЛ
Постигнати резултати
- Развиена бета верзија од продуктот со голем број нови функционалности
- Обезбедени дополнителни 812 000 евра инвестиции од други домашни и странски инвестициски фондови
- Добиени корпоративни клиенти, водечки компании во своите индустрии (Нептун- малопродажба на бела техника и електроника; Сава осигурување- осигурителна компанија; Систина- најголемата приватна болница)
- Едногодишни/двегодишни договори со загарантиран месечен приход
- Склучена соработка со 11 надворешни партнери за продажба и проширени бизнис операции во: Македонија, Шведска, Швајцарија, Чешка и ОАЕ
Идни планови
- Зголемување на продажбата во Западна Европа и САД
- Континуирана надградба на Coach со нови функционалности со примена и на вештачка интелигенција
- Изработка на повеќејазична верзија од апликацијата
Инвестиција #2
МАТРИОШКА
Во 2017 година, Матриошка започна како стартап компанија за истражување и развој (R&D), која се специјализираше во развој на иновативни технолошки процеси, кои носат додадени вредности за корисниците и имаат позитивно влијание врз животната средина. Компанијата беше основана во Скопје, Северна Македонија, каде што беше развиен првиот успешен технолошки процес, кој подоцна беше применет во индустријата за прехранбена технологија. На крајот на 2018 година, Матриошка отвори подружница во Ковентри, Обединетото Кралство.
Главниот производ кој е во фокусот на Матриошка и по кој компанијата е препознатлива претставува WICE – сладолед со вино. Уникатната предност на овој производ се состои во прехранбениот технолошки процес. Со едноставни зборови, WICE претставува нов начин на конзумирање на вино, во форма на сладолед.
Постигнати резултати
- Набавка на специјализирана линија за производство како дел од новата фабрика
- HACCP сертифицирано производство
- 10 видови на сладолед од кои 4 се вински, а 6 се регуларни вкусови
- Присутни во 9 градови и над 100 локали на македонскиот пазар преку два продажни канали: ХоРеКа и супермаркети
- Финална фаза на преговори со акцелератор од САД за развој на нов бизнис модел компактен за глобалната економија
Идни планови
- Раст на продажбата на Балканскиот пазар, а потоа и пошироко
- Патентирање на производството и аутсорсинг на истиот за раст на глобален пазар
- Збогатување на портфолиото на производи
- Раст на тимот на Матриошка
Инвестиција #3
BRUMMELL STYLE
Brummell Style е првата компанија за елегантна мото опрема во
светот, а првиот продукт е Brummell моторџиското сако. Станува збор за
елегантно сако однадвор, со перформанси на моторџиска јакна одвнатре.
Brummel моторџиското сако е наменето за сите вљубеници во
моторциклите кои во исто време сакаат да изгледаат елегантно и да ја
имаат соодветната заштита.
Постигнати резултати
- Дизајн и производство на прототип на Brummell Blazer V2 (новата и подобрена верзија на Brummell Blazer сакото)
- Обезбедена дополнителна инвестиција од 100 000 евра од Fashion Technology Accelerator од Милано
- Производство на 150 примероци од новата верзија која се состои од два дела, Brummell Jacket и Brummell Skin
- Комерцијализација на производот со посета на саеми и барање на продажни партнери на странски пазари
- Финална верзија од прототип на женско моторџиско сако и машки моторџиски панталони
-
Достапност на Brummel сакото во две продавници во САД и две продавници во Македонија, покрај основниот онлајн продажен канал
Идни планови
- Глобален раст на продажбата преку наоѓање нови дистрибутивни канали
- Маркетинг кампања за лансирање на новите производи

Софтвер за 3D мапирање и реконструкција со помош на дронови
Инвестиција #4
VISION DYNAMIX
Водечкиот продукт е софтверот за 3D мапирање и реконструкција со помош на дронови кој користи нови и современи методи и алгоритми. Производот е идеален за клиенти од различни индустрии како што се: градежништво, геодезија, рударство, инспекција но и многу други, кои ќе добијат
прецизни и точни мерења во real time.
Постигнати резултати
- Значително подобрена, user friendly верзија на апликацијата
- Пазарна валидација преку продажба на клиенти на македонскиот пазар
- Остварени контакти со потенцијални клиенти од САД, Холандија и Канада
Идни планови
- Привлекување нови инвеститори за комерцијализација во следна инвестициска рунда
- Пронаоѓање на стратешки партнери (пр. производители на дронови) за заеднички настап на нови пазари
- Редизајн на веб страната со можност да функционира како веб-апликација
- Проширување на тимот
Инвестиција #5
НОВЕЛО ДИЗАЈН
Новело Дизајн е компанија која дизајнира и продава производи за деца/ бебиња од органски памук, а целна група се младите родители кои имаат голема свесност за потеклото на производите кои им ги даваат на своите деца.
Палетата се состои од производи кои се целосно органски, еколошки и безбедни за користење, изработени од органски памук, а се со атрактивен дизајн привлечен за децата како крајни корисници, но и родителите (пред се мајките како донесувачи на одлуката за купување).
Постигнати резултати
- Дизајнирани 50+ уникатни производи од сертифициран GOTS органски памук
- Комерцијализација на производите на македонскиот пазар со 1500+ лојални клиенти
- Обезбедено стратешко партнество за влез на пазарот во Србија и Бугарија
- Континуиран развој на нови иновативни производи
Идни планови
- Континуирано збогатување на портфолиото со нови уникатни производи
- Раст на продажбата во Западен Балкан и ЕУ преку склучување стратешки B2B партнерства
- Привлекување нови инвеститори за комерцијализација во следна инвестициска рунда
- Проширување на тимот