Х Фактор Акцелератор – краток осврт на 2025 година

Почитувани пријатели и партнери,
 
Како што ја привршуваме 2025 година, сакаме накратко да споделиме каде сме ние и компаниите од нашето портфолио, и истовремено да ви се заблагодариме за поддршката.
 
За Х Фактор Акцелератор, 2025 беше година во која сите компании со кои работиме направија крупен чекор напред во сите бизнис аспекти – пазари, производи, партнерства.
 
Нашето тековно портфолио го сочинуваат:
 
•Концептива дигитал (Coach)
•Матриошка (Wice)
•Brummell
•Vision Dynamix и
•Новело дизајн (Elo)
 
Секоја од овие компании на свој начин ја искористи годината за да:
 
•влезе на нови пазари или да ја зацврсти позицијата на постоечките,
•ги подобри или прошири своите производи и услуги,
•привлече поголем интерес од клиенти, партнери и инвеститори.
 
За нас, како акцелератор, најважно е што тимовите зад овие бизниси созреваат, растат и сè повеќе размислуваат глобално, а не само локално. Паралелно, ние продолжуваме да работиме на тоа да им отвориме дополнителни извори на капитал и стратешка поддршка, вклучително и преку можни партнерства со регионални инвестициски фондови со што ќе се забрза нивниот глобален раст.
 
Во пресрет на претстојните божиќни празници, сакаме искрено да ви се заблагодариме што низ годините сте дел од нашата мрежа на партнери, поддржувачи и пријатели. Без таа поддршка, ова патување со стартапите би било многу потешко.
 
Среќна Нова година и честит Божиќ
ви посакува целиот тим на Х Фактор Акцелератор – со желба 2026 да ви донесе добро здравје, мир, радост во семејството и многу успешни проекти.
 
Со почит,
Тимот на Х Фактор Акцелератор
mk_MKMK_MK