Coach – Платформа за корпоративни обуки преку гејмификација

Инвестиција #1

КОНЦЕПТИВА ДИГИТАЛ

Концептива е продуктна компанија во ИКТ секторот. Водечкиот продукт на Концептива е Coach- платформа за корпоративни обуки користејќи го методот на гејмификација. Coach е апликација која се „бори“ против феноменот на брзо заборавање на новостекнатото знаење познато во когнитивната психологија како „крива на заборавање“. Апликацијата го користи методот на регуларно повторување.
Вкупна инвестиција
0 k €
Корпоративни клиенти
0 +
Позитивни рецензии
0 k

Постигнати резултати

Идни планови

WICE – сладолед со вино

Инвестиција #2

МАТРИОШКА

Во 2017 година, Матриошка започна како стартап компанија за истражување и развој (R&D), која се специјализираше во развој на иновативни технолошки процеси, кои носат додадени вредности за корисниците и имаат позитивно влијание врз животната средина. Компанијата беше основана во Скопје, Северна Македонија, каде што беше развиен првиот успешен технолошки процес, кој подоцна беше применет во индустријата за прехранбена технологија. На крајот на 2018 година, Матриошка отвори подружница во Ковентри, Обединетото Кралство.

Главниот производ кој е во фокусот на Матриошка и по кој компанијата е препознатлива претставува WICE – сладолед со вино. Уникатната предност на овој производ се состои во прехранбениот технолошки процес. Со едноставни зборови, WICE претставува нов начин на конзумирање на вино, во форма на сладолед.

Вкупна инвестиција
0 k €
Градови во МКД
0 +
Видови сладолед
0 +

Постигнати резултати

Идни планови

Првото моторџиско сако во светот

Инвестиција #3

BRUMMELL STYLE

Brummell Style е првата компанија за елегантна мото опрема во
светот, а првиот продукт е Brummell моторџиското сако. Станува збор за
елегантно сако однадвор, со перформанси на моторџиска јакна одвнатре.
Brummel моторџиското сако е наменето за сите вљубеници во
моторциклите кои во исто време сакаат да изгледаат елегантно и да ја
имаат соодветната заштита.

Вкупна инвестиција
0 k €
Произведени примероци
0 +
Продавници во САД
0

Постигнати резултати

Идни планови

Софтвер за 3D мапирање и реконструкција со помош на дронови

Инвестиција #4

VISION DYNAMIX

Водечкиот продукт е софтверот за 3D мапирање и реконструкција со помош на дронови кој користи нови и современи методи и алгоритми. Производот е идеален за клиенти од различни индустрии како што се: градежништво, геодезија, рударство, инспекција но и многу други, кои ќе добијат
прецизни и точни мерења во real time.

Вкупна инвестиција
0 k €
Различни индустрии
0 +
Завршени проекти
0 +

Постигнати резултати

Идни планови

ДЕТСКИ/БЕБЕШКИ ПРОИЗВОДИ ОД ОРГАНСКИ ПАМУК

Инвестиција #5

НОВЕЛО ДИЗАЈН

Новело Дизајн е компанија која дизајнира и продава производи за деца/ бебиња од органски памук, а целна група се младите родители кои имаат голема свесност за потеклото на производите кои им ги даваат на своите деца.
Палетата се состои од производи кои се целосно органски, еколошки и безбедни за користење, изработени од органски памук, а се со атрактивен дизајн привлечен за децата како крајни корисници, но и родителите (пред се мајките како донесувачи на одлуката за купување).

Вкупна инвестиција
0 k €
Уникатни производи
0 +
Лојални купувачи
0 k

Постигнати резултати

Идни планови

mk_MKMK_MK